Роналдо: Луѓето мислат дека не ја сакам Аргентина, но јас ја обожавам (ВИДЕО)

Можеби сите мислат дека Кристијано Роландо не е преголем фан на Аргентина, поради неговото ривалство со Лионел Меси, но Португалецот е вљубен во оваа земја. 

За време на живо јавување до своите фанови на „Инстаграм“, Роналдо кажа колку многу ја сака Аргентина. 

„Аргентинаааа, многу луѓе не знаат, но мојата девојка е по потекло од Аргентина. Таа сега е шпанска државјанка, но по потекло е од Аргентина. Ја сакам Аргентина. Луѓето мислат дека не ја сакам, но јас навистина ја сакам Аргентина, многу“, изјави Роналдо.

Дали ова значи дека ќе навива за „гаучосите“ на Копа Америка?