Роналдо денеска пристигнува во Манчестер, а од среда на тренинг

Кристијано Роналдо беше ослободен порано од обврските во португалската репрезентација и доби дозвола да замине во Манчестер. 

Новата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ денеска ќе пристигна во Англија, поточно во Манчестер, но ќе мора да биде пет дена во изолација поради ковид-протоколите на британската влада. 

Тој ќе може да им се приклучи на соиграчите на тренинг веќе во среда, ако нормално добие негативен тест на коронавирус. Тогаш се очекува да биде и официјалната промоција на фудбалерот во новиот дрес.