Рома промовираше засилување од Премиер лигата, но не тоа кое навивачите го очекуваат!

Римската волчица денеска го официјализираше трансферот на Лион Бејли од Астон Вила.

Рома водеше преговори со неколку играчи од Англија, а најголемото име меѓу нив е Џејдон Санчо. Овој трансфер е се уште неизвесен, а во меѓувреме италијанскиот гигант го промовираше Лион Бејли.

„Рома со задоволство може да го соопшти потпишувањето на Лион Бејли од Астон Вила. Се работи за позајмица со опција за откуп“, стои во соопштението.

Бејли е првиот фудбалер од Јамајка кој ќе игра за Рома. Тој ќе го носи дресот со број 31.