Ристовски и тренерот Аморим ги испеглаа „проблемите“ за замената во 25-та минута!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски, замеик-капитен на фудбалската репрезентација ги решил недоразбирањата и „проблемите“ со новиот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим откако на неговото деби Македонецот беше заменет во 25-та минута од мечот и бесно и гневно го нашушти теренот.

Откако Аморим го извади Ристовски, со образложение дека е од тактичка природа, за да преземе повеќе ризик во нападот по две исклучувања на Авеш, Ристовски незадоволен си замина од теренот директно во соблекувачна, а по мечот доби порака од тренерот дека – тој е шефот.

Сега, португалските меидуми објавија дека недоразбирањата се испеглани, а Аморим сето тоа го потврдил.

„Нема тука никаков случај (за Ристовски – н.з.). Но, тренерот е тој кој е на чело. Не извадив стопер зашто тие не ме убедија дека можеда бидат сигурни и дека можам да преземам таков ризик“, рекол Аморим.

Новиот тренер на Спортинг и Ристовски се сретнале во соблекувалната во тренинг-кампот, каде македонскиот десен бек дошол на рекуперација во терената, иако фудбалерите имале слободен ден пред почетокот на подготовките за мечот со Гимараеш.