Реал тргнува по фудбалерот на Наполи, подготвени се 80 милиони евра!

Шпанскиот гигант, екипата на Реал Мадрид, наводно е заинтересиран за фудбалерот на Наполи, Фабијан Руиз.

Руиз веќе подолго време е на мета на Барселона, а сега интерес покажа и „Кралскиот“ клуб, кој е подготвен да му плати 80 милиони евра на Наполи.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, реши да направи комплетен ремонт на тимот во текот на летото, со тоа што Руиз се очекува да биде продаден, меѓу другите ѕвезди.

Тој факт оди во прилог на Реал, кој ќе се обиде да донесе добар играч за 80 милиони.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез сака да постигне договор за трансфер на Руиз пред почетокот на Европското првенство.

Руиз има одиграно 12 натпревари во Серија А оваа сезона и има запишано еден гол и две асистенции. Тој играше во Шпанија долги години, за Бетис и Елче, а се повеќе е стандарден и за шпанската репрезентација.