Реал почна да продава шампионски дресови, иако сè уште не е првак! (ФОТО)

Екипата на Реал Мадрид е на чекор до одвојување на 34. титула во Ла Лига, а неа можат да ја осигураат вечерва против Вилјареал во рамки на претпоследното коло.

Иако математички се уште не ја осигураа титулата, „Крлаевите“ веќе ги пуштија во продажба шампионските дресови.

Ова ги шокирраше навивачите на Барселона, кои го обвинија Реал дека со скандалозни судиски одлуки успеале да дојдат на врвот на табелата во Ла Лига.

Инаку, по само неколку часа, дресот со број 34 беше повлечен од сајтот, чија цена изнесуваше 109.95 евра.