Реал Мадрид веќе (на)прави 20.000 дресови од Мбапе за продажба!

Иако сѐ останува во неизвесност за иднината на Килијан Мбапе, дали ќе остане во ПСЖ за многу пари или ќе си го исполни сонот да заигра за Реал Мадрид, сѐ погласни се најавите дека сѐ е веќе готово и се чека само погоден момент за детонација на бомбата – Французинот станува „крал“.

Од поодамна е познато дека Реал Мадрид по секоја цена го сака, но ПСЖ со безобразно многу пари го убедува(ше) да остане (150 милиони евра за две сезони) и последните најави се дека на „Бернабеу“ веќе се подготвува холивудска презентација на големата суперѕвезда, а Реал веќе подготвува 20.000 дресови кои се во изработка за да бидат веднаш пуштени во продажба откако ќе се официјализира трансферот.

Каталонски „Мундо Депортиво“ ја објави информацијата, според извори од мадридскиот клуб, дека во моментов се изработуваат 20.000 дресови со името на Мбапе за да бидат подготвени експресно да се најдат на пазарот откако Французинот ќе дојде во Мадрид и сето ова било договорено во изминатиов период.

Мбапе во минатата недела беше во Мадрид, папараците го уловија, но официјално е дека бо шпанската престолнина претстојувал од други причини, но според „Мундо Депортиво“, тој сепак бил на ручек во опуштена атмосфера со челниците на „кралевите“.