Реал Мадрид ја прекина серијата победи на Осасуна, ама само со – реми (ВИДЕО)

Колку и да делува чудно, главна вест од вечерашното неочекувано реми во дуелот помеѓу Реал Мадрид и Осасуна (0-0) не е фактот што „кралевите“ не победија туку тоа што им успеа да ја прекинат неочекуваната серија од четири победи по ред на противникот, кој е едно од најпријатните изненадувања сезонава во Ла Лига.

Домаќинот, очекувано доминираше, две третини од времето ја имаше топката, упати 17 шута кон противничкиот гол, но не победи. Гстите умешно се бранеа, се обидуваа да направат нешто со контри, но ниту еднаш не ја упатија топката во рамките на голот на мадриѓани. Но, тоа воопшто не им ја намали радоста по освоениот бод на „Сантјаго Бернабе“.

Реал Мадрид пропушти шанса да се одлепи на врвот, па сега мора да се задоволи со поделба на првото место со Севилја, Бетис и Реал Сосиедат, кои сите имаат по 21 бод, со тоа што Бетис има одиграно меч повече од другите.Осасуна пак е веднаш зад оваа четворка со 19 бодови, колку што има и Рајо Валјекано на нашиот Столе Димитриевски.