Реал и официјално го купи бразилското чудо за 35 милиони евра! (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид и официјално го купи 17-годишниот Бразилец, Раиниер Жесус од Фламенго за 35 милиони евра.

Трансферот беше договорен неколку недели порано, сепак, за финализирање се чека 19 јануари, кога Реиниер ќе наполни 18 години, односно ќе стане полнолетен.

Според правилата на ФИФА, професионален договор за нов клуб може да го потпишат само возрасни играчи.

Офанзивниот играч потпиша договор со „Кралевите“ до 2026 година, а во наредните денови ќе му се приклучи на новиот тим.

Со овој трансфер, Реал продолжува да ги собира најголемите таленти во Бразил, а пред него за шпанскиот гигант потпишаа Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао.

Инаку, за овој млад играч интерес покажа и Барселона, но понудените 35 милуони експресно беа одбиени од страна на Фламенго.