Рашомонијада во Шпанија: Еспањол бара да се поништи неговото испаѓање од Ла Лига

После најавите и барањата на шпанската федерација од Ла Лига, да ја прошири Сегунда на 24 екипи за бившиот шпански првак Ла Коруња да се спаси од испаѓање во третата лига, бидејќи и беше скратена шансата да се избори за опстанок (се појави зараза во Фуеланбрада), Еспањол се обидува да го искористи тој момент и сега бара – да не испадне од Ла Лига.

Фудбалски, вториот клуб од Барселона, сезонава беше ужасен и очаен и заслужено ја напушта шпанската елита, но каталонскиот тим сега од Ла Лига побара да не испадне со образложение дека „имало неправедни и нерегуларни услови во кои сезоната се завршила после карантинот, кој беше предизвикан од пандемијата со коронавирус“.

Еспањол заврши како последен, но најмногу се жали на „неправедниот начин на одигрување на мечевите на спортски план и нееднаквоста мешу клубовите посебно во завршните кола од сезоната“. Испаѓањето и промоцијата во Шпанија носат сериозни финансиски загуби односно бенефити, па затоа и Еспањол се обидува на секој начин да спречи негов настап во Сегунда, која заврши речиси нерегуларно, зашто мечот Ла Коруња – Фуеланбрада не се одигра, откако дузина фудбалери на противничкиот тим имаа коронавирус.

Потоа мечот беше презакажан, ама од Ла Коруња одбија да одат на задолжително тестирање пред мечот, иако и без да играат резултатите на другите ривали практично ги турнаа во третолигашкото друштво. Сега РФЕФ бара да се зголеми бројот на екипи во Сегунда од 24 на 26 за Ла Коруња да се спаси, зашто нивното неиграње ги спречило на нормален фудбалски меч и во термин кога сите играа да се борат за опстанокот.