Рамос застана во одбрана на Французинот: До смрт ќе бидеме со Зидан!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, инсистира на тоа дека целиот тим е сеуште со тренерот Зинедин Зидан, но дека ќе остане така и во иднина.

Коментарите на Рамос доаѓаат по шокантниот пораз на Реал Мадрид од Мајорка, по што се засилија шпекулациите за крај на соработката помеѓу Кралскиот клуб и Зидан.

Инаку, од големо значење е денешното гостување на Реал Мадрид во Турција, против екипата на Галатасарај, во рамки на Лигата на шампионите.

Кралевите имаат само бод (како и турскиот гигант) во првите две кола од групната фаза во  ЛШ и во моментов се на последното место во групата А.

Сè што имаме на ум, и покрај сè што се случи, е да победиме и да одиграме добро. Мора да победиме, изјави Рамос пред денешниот натпревар во Истанбул.

Капитенот на Реал исто така се осврна на шпекулациите за заминувањето на францускиот стручњак.

Секој знае дека сите во соблекувалната сме до смрт со Зи-Зу, и што и да се случи треба да дејствуваме обединети... Реал секогаш се враќа и единствениот начин е да бидеме заедно. Добрите резултати ќе сè вратат на наша страна.

Мечот помеѓу Галатасарај и Реал Мадрид се игра денеска со почеток во 20:45 часот.