Рамос му испрати порака на Погба: Вратата на „Сантијаго Бернабеу“ е секогаш отворена за играчи како него!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека се надева дека Пол Погба сепак ќе се приклучи на шпанскиот гигант во блиска иднина.

Французинот и неговиот агент сакаа тој да го напушти Манчестер Јунајтед во текот на летото и да се пресели во редовите на „кралскиот“ клуб, кој беше главен кандидат за неговиот потпис, но на крајот ништо не се случи.

„Црвените ѓаволи“ ја отфрлија понудата од 30 милиони евра плус Хамес Родригез за Погба, а се вели дека Герет Бејл би можел да биде вклучен во евентуален иден договор.

Вратата на Реал е секогаш отворена за добри играчи како него. За мене, тој е еден од најмоќните фудбалери во светот. Тој е различен од останатите и неговите квалитети се видоа во мечевите на Јувентус и Манчестер Јунајтед. Тој носи рамнотежа во тимот, влијателен е во нападот и одлично е физички подготвен, изјави Рамос.