Рамос фатен на дело: Да направам прекршок за жолт? (ФОТО)

Серхио Рамос и неговиот жолт картон против Ајакс предизвика многу реакции во јавноста. Се постави прашањето дали дефанзивецот намерно го направил за да биде „чист“ со картони за четвртфиналната рунда. Шпанецот демантираше, но камерата го фати на дело како дефанзивецот го прашува тренерот на клупата дали да направи прекршок. 

По натпреварот Рамос се огласи и демантираше дека намерно направил фаул.

„Сакам да објаснам една работа, кога сме на теренот имаме само една секунда за одлука. Не направив намерно жолт картон против Ајакс“, кажа стоперот на Реал. 

Рамос беше конфузен па неговата втора изјава, практички докажува дека наменро направик жолт картон.

„Жолт? Би ве излажал ако ви кажам дека не размислував за тоа. Знаете, минута е до крај, водиме 2-1, реваншот е кај нас“, изјави конфузниот Рамос, демантирајки си ја втората изјава. 

УЕФА веќе покрена дисциплинска постапка против Рамос, доколку се утврди дека Шпанецот намерно добил жолт картон, се очекува да го пропушти евентуалниот прв четвртфинален натпревар.