„Ракитиќ е како девојче на кое му ја земале играчката? Немам што да кажам...“
Ракитиќ имаше можност да замине во ПСЖ минатото лето, но тренерот Ернесто Валверде не сакаше да го продаде, а сега целосно го исфрли од екипата, па поради тоа Хрватот кажа дека е несреќен и се спореди како „девојче на кое му ја земале играчката“.
„Ракитиќ е како девојче на кое му ја земале играчката? Немам коментар на тоа...“, порача Валверде на прашањето на новинарите.