Рафиња: Знаев дека Барса сакаше да ме продаде и тоа не еднаш!
Имаше шпекулации во медиумите дека Барселона би го продала Рафиња, а и самиот фудбалер вели дека е свесен за таа желба на клубот.
„На моменти да, мислев дека клубот сака да ме продаде. Посебно во првите шест месеци, пред Светското првенство. Исто така почувствував и во други преодни рокови. Секогаш велеа на еден или на друг начин дека не сум доволно добар, дека треба да ме продадат“, вели Рафиња.
„Не чувствувам дека сега сум главен. Знам дека имам добра сезона, но целиот тим има. Доколку дадете 10 голови, но примите 10, мечот ќе заврши нерешено. Кога сите играат добро, напаѓачите истапуваат бидејќи ги постигнуваат головите. Но според мене, сите се главни“.
Рафиња вели дека под водство на Чави знаел дека нема да ги одигра натпреварите до крај.
„Со Чави, знаев дека што и да направам, ќе бев изваден од игра во 60. минута. Ова не е критика за него, но е интересно бидејќи секогаш се случуваше“.