ПСЖ потврди: Кавани побарал трансфер во Атлетико Мадрид

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека Единсон Кавани и официјално побарал од клубот да го продаде во Атлетико Мадрид шест месеци пред истекот на неговиот договор.

Францускиот клуб пред неколку дена ја одби понудата од Шпанците во висина од 10 милиони евра, бидејќи верува дека голгетерот ќе му биде потребен на тимот во вториот дело од сезоната.

„Секогаш го зборувавме истото за Кавани. Се надевавме дека ќе остане во клубот. Денеска тој побара да си замине. Ја разгледуваме ситуацијата. Имавме понуда од Атлетико, која сметавме дека не е доволна за еден фудбалер како него. Но, не сум сигурен дека Кавани во февруари ќе биде фудбалер на ПСЖ“, искоментира Леонардо.

Кавани ја игра седмата сезона во дресот на „светците“ и на 292 натпревари има постигнато 198 голови за клубот.