ПСЖ подготвува понуда од 100 милиони евра за ѕвезда на Наполи

ПСЖ полека се подготвува за летниот преоден рок, а со оглед дека ќе остане без Килијан Мбапе, треба да се очекува голем трансфер. 

Прв „пик“ на челниците на францускиот шампион е крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија. Грузиецот две сезони го носи дресот на италијанскиот состав и брзо ги импресионираше сите со своите игри. 

Наполи не е премногу расположен за продажба, особено ако се знае дека претседателот Аурелио де Лаурентис има договор со Виктор Озимен за заминување. Наполи не сака да ги загуби првите две ѕвезди во еден преоден рок, но огромна понуда може да го премисли.

Наводно ПСЖ е подготвен да плати обештетување од дури 100 милиони евра за да го доведе Кварацхелија на „Паркот на принцовите“. Сезонава Грузиецот има 11 голови и 8 асистенции на 33 натпревари во Серија А.