ПСЖ ѝ украде голема надеж на Барселона, Флик призна: Многу сум разочаран...

Пари Сен Жермен постигнал договор со младиот фудбалер од средниот ред на Барселона, Дро Фернандез, за трансфер уште во јануарскиот преоден рок, објави германскиот новинар Флоријан Плетенберг.

Иако интерес за 18-годишниот офанзивен играч од средниот ред покажале и други европски гиганти како Манчестер сити, Борусија Дортмунд и Челси, Фернандез одлучил предност на гигантот од Париз.

Младиот Шпанец, кој важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, наводно имал откупна клаузула од само шест милиони евра, која одлучил сам да ја плати по што можел да избере каде ќе ја продолжи кариерата.

Навдното од неговото заминување разочаран бил и тренерот Ханси Флик кој го опишал потегот како негово најголемо разочарување.

„Ова е најголемото разочарување во мојата кариера“, изјавил Германецот откако одлуката му била соопштена.

Колку во Барселона имаа големи очекувања од младиот фудбалер покажува објавата по неговото деби во септември истакнувајќи дека тоа е „ден што ќе се памети“.