
ПСЖ го прегази Дижон, Монако освои важни три бода против Амиен
Парижаните уште на стартот поведоа преку Анхел Ди Марија во третата минута, а само една минута подоцна Едисон Кавани зголеми на 2-0. До крајот на првите 45 минути во листата на стрелци се запиша уште и Килијан Мбапе. Во второто полувреме Мбапе повторно стрелаше, па ги постави конечните 4-0.
Монако благодарение на погодоците на Радамел Фалкао во 26. минута и Александер Головин во финишот за конечните 2-0 против Амиен и така избега од зоната за испаѓање.
Останати резултати:
Гингам – Ним 2-2
Лил – Анже 5-0
Лион – Каен 4-0
Бордо – Ремс 0-1
Монпелје – Нант 1-1
Тулуз – Марсеј 2-5
Стразбур – Рен 0-2