ПСЖ го освои „Велодром“: „Светците“ со максимални 11 победи (ВИДЕО)

ПСЖ ја продолжува победничката серија во Лига 1, а вечерва славеше на гостувањето кај Олимпик Марсеј со 2-0 во големото дерби „Ле Класик“. 

Парижаните сега имаат максимални 33 бодови од 11 кола на стартотот од сезоната. Разликата ја направи Килијан Мбапе, кој влезе во игра во 62-та минута и кратко потоа погоди за 0-1. 

Младиот Французин не беше во почетниот состав на „светците“ поради тоа што задоцнил на тимскиот состанок и бил казнет од тренерот Томас Тухел. Интересно е тоа што Мбапе е првиот фудбалер во Топ 5 лигите со двоцифрен број на голови, бидејќи ова за него беше вкупно десетти сезонава.

Победата за ПСЖ ја запечати Џулијан Дракслер во судиското продолжение по одличната контра на Мбапе и Нејмар.