Првата ѕвезда на Наполи побара трансфер: Сакам да се борам за трофеи!

Лоренцо Инсиње целата своја кариера игра во редовите на Наполи. Тој е капитен на клубот, откако Марек Хамшик си замина во Кина. 

Иако изминатите години одбиваше неверојатно понуди од големите клубови ширум Европа, се чини дека повеќе нема намера да игра во Неапол. Сака да напредува во кариерата и да почне да освојува трофеи. Според шпекулациите во италијанските медиуми, Инсиње го известил претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис дека летово сака да си замине од клубот.

Интерес за крилниот напаѓач има од Арсенал и Атлетико Мадрид, но се чини дека најзагреан за Италијанецот е тимот од Шпанија. Диего Симеоне веднаш би платил 60 милиони евра, иако тоа можеби нема да биде доволно за Наполи. Аурелио де Лаурентис веројатно ќе бара преку 80 милиони евра за својот капитен.