„Мацари е вистинскиот човек за Наполи, проблемот за кој пишуваат е - лажен!“

Горан Пандев е интересен за италијанските медиуми во предвечерјето на дуелот Италија - Македонија, в петок, па затоа „Кориере дело спорт“ му направи мало интервју, кое, за волја на вистината, повеќе се однесуваше на Наполи и Валтер Мацари, новоназначениот тренер, кој беше „шеф“ и на Пандев во истиотт им, пред десетина години. 

Неизбежно беше прашањето за очекувања од новата средба меѓу Италија и Македонија, но Пандев останал резервиран.

„Ќе го гледам натпреварот на телевизија, нема да бидам во Рим. Тоа е посебна игра за мене, така што нема да давам никакви прогнози“, рече тој.

Затоа, без резерва искажа поддршка за Мацари во Наполи и покрај сомнежите на стручнат ајавност. Под водство на Гарсија, Наполи играше најчесто 4-3-3, а од друга страна, познато е дека омилена формација на Мацари е 3-5-2. Оттука медиумите во Италија почнаа да даваат проценки дека формацијата ќе биде проблем, некои дури велеа дека Мацари ќе се обиде да се прилагоди самиот и да ја смени философијата, да практикува 4-3-3. Меѓутоа, Пандев не смета така. Според него тој е вистинскиот човек за Наполи, а проблемот со формацијата е непостоечки.

„Наполи е десет бода под Јувентус и Интер, што е многу, но сигурен сум дека Мацари ќе влезе во првите четири и ќе нѐ забавува во Лигата на шампионите и Купот на Италија. Системот е лажен проблем. Тој е вистинскиот човек да го врати Наполи меѓу најдобрите тимови“, вели Пандев.

Новиот тренер директно ќе го засега и Елиф Елмас, кој добиваше малку минути од Гарсија. Пандев го прашаа кој му е омилен играч од овој Наполи и што е проблемот споредено со Наполи на Лучано Спалети од минатата сезона, кој стигна до титулата.

„Жал ми е за Гарсија, никогаш не е убаво да се зборува за тренер додека е отпуштен, но ова е фудбал. Наполи има одличен состав и не знам што не успеа. Тоа се случува понекогаш, но тие имаат толку многу талентирани играчи што дури и не знам кој е мојот омилен“, додаде Пандев, кој одигра 124 меча за Наполи во периодот од 2011 до 2014