Проблемите на страна, на терен - Барселона гази како во најдобрите денови (ВИДЕО)

Барселона води со фантастични 4-0 против Вилјареал по едно полувреме на својот прв натпревар сезонава во Ла Лига. 

Проблемите во текот на целото лето, заминувањето на Луис Суарез и обидот на Лионел Меси исто така да исфорсира трансфер, очигледно не влијаат многу на играта на тимот.

Ансу Фати со два гола им донесе водство на домашните од 2-0, а потоа Меси зголеми на 3-0 од пенал. Мизеријата на гостите ја надополни Пао Торес, кој во финишот на првиот дел си постигна автогол.