Проблеми за Реал Мадрид: Зидан е позитивен на ковид-19!

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми во последно време, а по дебаклот во шпанскиот Куп и поразот од Алкојано со 1-2, шпанскиот шампион соопшти дека тренерот Зинедин Зидан има позитивен тест на ковид-19.

Зидан направил тест по вчерашниот тренинг и тој бил позитивен на ковид-19, па нема да може да ги предводи своите фудбалери во следниот период, додека на клупата ќе го замени неговиот асистент Давиде Бетони.