Претседател на клуб доби затворска казна, откако нокаутира судија (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коџа ќе заврши во затвор поради тоа што нападна судија минатата година.

Коџа го нокаутира судијата Халил Умут Мелер на дуелот против Ризеспор, по што лигата веднаш презема мерки против него.

„Тоа беше првпат да имам физички напад, но судијата лаже. Не му кажав дека ќе го убијам. Жал ми е поради потегот“, кажа Коџа.

Според турските медиуми, тој е осуден на затворска казна од три години и седум месеци, а доби и забрана за учество во спортот.