Пресврт во Рим: Американски бизнисмен сака да ја купи Рома

Американскиот бизнисмен Џо ДаГрос потврди дека постои интерес кај него за да ја преземе Рома, иако пред неколку дена се шпекулираше дека клубот од Рим нема да биде продаден поради корона-кризата.

Актуелниот газда Џејмс Палота веќе неколку месеци се обидува да го продаде клубот, а засега тоа не му успеа, иако клубот се поврзуваше со различни инвеститори.

„Можам да потврдам дека Рома е еден од клубовите за кои се распрашувам. Убеден сум дека Палота има многу алтернативи и дека ние сме само една од опциите за него“, кажа ДаГрос.

Американскиоот бизнисмен претходно го имаше француски Бордо, кој го купи во 2018 година, но го продаде по 12 месеци.