Пресврт на „Сан Сиро“: Рангник не доаѓа на кормилото на Милан

Иако беше сè договорено и Германецот Ралф Рангник требаше по завршување на актуелната продолжена сезона да го преземе кормилото на Милан, сепак до тоа нема да се случи, зашто веќе договорената соработка е раскината, објавија италијански меидуми.

Рангник требаше да дојде од Лајпциг како дел од новиот свеж бран во Милан и да се смени курсот на тимот за да се врати на старите патеки, ама сето тоа предизвика сериозна бура во тимот, па раководството предводено од Иван Газидис вчезе во војна со Звонимир Бобан и го смени од спортскиот сектор, па го навлече гневот и на Златан

Ибрахимовиќ, кој јавно порача дека „овој Милан не е неговиот Милан“. И сега, како што објавуваат новинари од Италија, Рангник и Милан спогодбено ја раскинале соработката пред таа воопшто и да започне, па тренер на Милан ќе остане Силвио Пиоли, кој ќе го продолжи договорот до јуни 2022 година.

Рангник останува генерален менаџер на Лајпциг, а „росонерите“ сега останува повторно да го пополлнат спортскиот сектор по заминувањето на Бобан, кој работеше заедно со легендарниот Паоло Малдини.