Пресврт на „Олд Трафорд“: Де Хеа потпишува нов договор!?

Давид де Хеа наскоро би можел да потпише нов договор со Манчестер јунајтед, иако пред неколку дена се шпекулираше дека ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Еден од најдобрите голмани во светот има уште една година од својот договор со Јунајте и се поставуваше прашањето дали ќе остане во клубот, зашто не е задоволен со резултатите на „ѓаволите“.

Сепак, шпански „Спорт“ пишува дека Де Хеа наскоро ќе потпише договор со Јунајтед и покрај тоа што постои интерес за неговиот потпис од ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид.