Премиерлигаш нуди шест милиони евра за да го врати Мурињо во елитата

Португалскиот тренер Жозе Мурињо минатото лето потпиша за Фенербахче, но сега му се отвори можност повторно да работи во Премиерлигата.

Турските медиуми пишуваат дека Мурињо добил интересна понуда од елитата, а Фенербахче може да заработи шест милиони евра.

Вулверхемптон му понудил на турскиот гигант сума од шест милиони евра за Мурињо, откако се најде во непријатна ситуација и на претпоследното место во Премиерлигата.

Мурињо во минатото ги тренираше Челси, Манчестер јунајтед и Тотнем во најсилната фудбалска лига во светот, па со своето искуство би можел да им помогне на „волците“ да останат во елитата.