Премиерлигаш ги испрати вработените на привремен одмор поради Ковид-19

Њукасл стана првиот премиерлигаш, кој ги испрати вработените на привремен годишен одмор како оговор на кризата предизвикана од Ковид-19.

„Би-Би-Си“ објави дека директорот на Њукасл, Ли Чарнли ги известил вработените во клубот дека таа одлука е донесена за доброто на иднината на клубот.

Њукасл така им се приклучи на второлигашите Бирмингем и Милвол, кои претходно ги испратија вработените и неколку фудбалери на годишен одмор.

Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли не е популарен многу кај навивачи и сигурно неговиот најнов потег ќе предизвика дополнителен револт.

Ешли беше критикуван и поради тоа што тој им наплаќа на навивачите за годишни билети за следната сезона, иако оваа сезона е прекината.