
Преговорите со Манчини пропаднаа, Нотингем форест има друг фаворит за нов тренер!
Преговорите меѓу Манчини и Форест почнаа истиот ден кога Постекоглу доби отказ, но не падна договор, веројатно барањата на Италијанецот биле поголеми од она што планирал да го даде гркот Маринакис.
Нов фаворит за тренерската позиција во Нотингем форест е Шон Дајч. Познатиот англиски тренер кој последно беше на клупата на Евертон.
Шон Дајч е познат по својата работа во Барнли, клубот каде беше дури десет години тренер.
Нотингем форест е во криза, тимот на последните осум натпревари под водство на Постекоглу нема победа, има шест порази и две нерешени средби.