„Потешко ми падна загубената титула, отколку борбата со ракот“

Завршницата на минатата сезона во Бундеслигата беше драматична затоа што до последен момент се решаваше прашањето за новиот шампион, а на крајот Баерн Минхен испадна подобар од Борусија Дортмунд.

Дортмунд во последното коло ремизираше 2-2 против Мајнц и така ја загуби титулата, а тоа тешко му падна на Себастија Але, кој на натпреварот промаши две добри шанси.

Неговата приказна е неверојатна затоа што пропушти голем дел од сезоната затоа што му беше откриен рак на тестисите, по што замина на операција, а потоа на рехабилитација.

„Потешко ми падна загубената титула, отколку борбата со ракот. Ако сте болни, не може ништо да направите со тоа. Мора да ја прифатите ситуацијата и да продолжите понатаму. Од друга страна, титулата ја имавме во свои раце и сами ја прокоцкавме“, кажа Але.