„Постојат тројца генијалци, Роналдо не е меѓу нив“

Кристијано Роналдо со хет-трикот против Јувентус одново го „одврза“ прашањето за најдобриот фудбалер на светот, легендарниот Фабио Капело смета дека во фудбалот има тројца фудбалски генијалци, а Португалецот не е меѓу нив.

Капело нема дилеми дека Роналдо е фантастичен фудбалер, но сепак според него Лионел Меси, Диего Марадона и Пеле поседуваат нешто повеќе.



„Роналдо е извонреден фудбалер, но генијалец е Меси. Во фудбалот постојат само тројца генијалци - Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е исклучително силен, со него може да освоите се, но Меси е генијалец и нешто сосема поинакво. Меси пред 20 години правеше работи исто како и денес, бидејки е генијалец. Тој измислува работи, што другите не ги гледаат, Роналдо од себе направи првак, но не и генијалец“, изјави Капело.