Роналдо е најкатастрофалниот стрелец во Ла Лига во последните 12 години!

Не само Роналдо, целиот Реал Мадрид и сите негови фанови ќе сакаат што побргу да ја заборават ноќта во која Бетис славеше среде „Сантијаго Бернабеу“. Меѓутоа, Португалецот има посебна причина.

Роналдо беше лош како ретко кога и затоа не би сакал да се повтори ноќ како оваа со Бетис. Целата екипа на Реал имаше 27 шута кон противничкиот гол, од нив седум пати во рамката, но не успеа да го совлада Антонио Адан.

На Роналдо, пак, од тие 27 удари му припаѓаат дури 12. Ако се суди само по тој податок поврзан со реализацијата, овој натпревар е најлошиот за Роналдо во последниве две години. Потешка ноќ имал само во 2015 година, кога на Малага ѝ шутнал 14 пати и не успеал да постигне гол. Тогаш, барем, Реал не загуби, туку остана на 0-0.

Меѓутоа, ова не е целата приказна за непрецизноста на најдобриот светски фудбалер. Тој е носител на девет, од десетте најлоши меча во Ла Лига од 2005 наваму, кога е во прашање ваквата статистика за реализација на удари кон гол. Единствениот кој му го попречува тоталното владеење е Самуел Ето.

Згора на тоа, ваквиот тренд не е само од сега и само од Реал. Бележниците паметат натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Вест хем, на кој Роналдо имал 11 шута кон противничкиот гол и неуспеал да поентира.

Заклучокот е јасен, Португалецот постигнува многу голови, но за да го постигне тоа троши многу топки.