Порасна во сиромаштија, му зборуваа дека нема да биде фудбалер, а сега се бори за титула во ЛШ

Ливерпул обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), а херој во реваншот против Вилјареал беше Луис Дијаз кој со своето влегување во игра им помогна на своите колеги да се вратат во игра по очајното прво полувреме.

Колумбиецот беше одличен на теренот и се запиша во листата на стрелци во победата од 3-2, а на крајот беше избран и за играч на натпреварот, по кој заплака затоа што беше горд бидејќи неговата екипа ќе се бори за трофеј во ЛШ.

Овој 25-годишен фудбалер е роден во Колумбија и имаше тешко детство, односно порасна во сиромаштија, а често му зборувале дека не е доволно добар за да биде професионален фудбалер.

Сите му зборувале да се откаже од фудбал и да се посвети на друга работа, но тој никогаш не се откажа и си го оствари сонот, а солзите по мечот против Вилјареал покажаа колку е горд што ќе игра во финале на најелитното европско натпреварување.

Дијас стигна во Европа во 2019 година откако потпиша за Порто за седум милиони евра, а таму играше две фантастични години, по што се случи вистински пресврт во јануари и за 45 милиони евра се пресели во Ливерпул.

Никогаш не се откажуваше од своите соништа без разлика колку му беше тешко и колку луѓе не му дозволуваа да го прави тоа. Сега ќе игра финале во ЛШ, а до пред неколку години во Колумбија преживуваше и се бореше за да го помине денот.

Од доаѓањето во Ливерпул одигра 21 меч и притоа постигна пет голови и три асистенции, а за репрезентацијата на Колумбија одигра 35 натпревари и постигна осум голови.