Поради смртта на Кралицата одложени мечевите од Премиер лигата до - понеделник!
Без разлика што ќе се направи огромен проблем во распоредот, со оглед што нема речиси ниту една „дупка“ до крајот на годинава поради Мундијалот во Катар, премиерлигашите решија да ѝ оддадат почит на својот сакан монарх, кој повеќе од седум децении ја предводеше Велика Британија.
„Со цел да оддадеме почит на неверојатниот живот на нашата непрежалена Кралевица Елизабета, сите натпревари викендов ќе бидат одложени, вклучително и средбата закажана за в понеделник. Информациите за останатите средби кои треба да се одиграат за време на периодот на жалење ќе ги објавиме дополнително“, пишува во соопштението од Премиер лигата.
Ова значи дека утре нема да се одигра дербито помеѓу Манчестер Сити и Тотнем, додека Греем Потер ќе почека на дебито на клупата на Челси.