Полуфинале во ЛШ, нов стадион, три години се хит, ама посетата во Англија им е – очај!? (ФОТО)

Лондонски Тотнем е хит и вистинско освежување во англискиот фудбал покрај великаните Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер сити, ама иако имаат сезона од соништата, севернолондончаните не може да се пофалат дека имаат – најверна публика.

„Сан“ направи истражување на посетата на стадионите во Премиерлигата во актуелната сезона, во која Тотнем најголемито дел ја одигра на „Вембли“, а пред три недели се пресели на својот возобновен и супермодерен „Вајт Харт Лејн“ кој чини една милијарда евра. Но, и со нов стадион и со фантастична сезона, со полуфинале во ЛШ, одличен тим со Кејн, Али, Сон, Ериксен, Типие, Лорис, Тотнем е – очаен на Островот според посетата.

Лондончани три сезони се хит и освежување во Премиерлигата, постојано се во „топ три“, но единствени се од 20-те членови на англиската елита, кои имаат посета под 90 отсто на мечевите. Тотнем има 86 отсто посетеност и тоа сега на „Вајт Харт Лејн“, за кој сите очекуваа дека од враќањето ќе се тепаат навивачите за билети.

Инаку, Манчестер јунајтед има 99,5 отсто од посетеноста на мечевите и најголем просек од 74.504 гледачи по меч, пред Арсенал со 99,4 отсто (59.893) и Ливерпул со 99,2 отсто (52.946 гледачи).