Полицијата го чува домот на Влаховиќ од гневните навивачи на Фиорентина (ФОТО)

Историјата се повторува кога се во прашање најголемите ѕвезди на Фиорентина, кои секогаш завршуваат во редовите на Јувентус. 

Ако се прашуваат навивачите на „виолетовите“, тие никогаш не би дозволиле свој фудбалер да замине во омразениот ривал од Торино. Сепак, парите го вртат светот, а со тоа и фудбалот.

Најголемата ѕвезда на Фиорентина, Душан Влаховиќ е пред потпис со Јувентус, откако „Старата дама“ се согласи да плати обештетување од 75 милиони евра за одличниот голгетер.

Србинот ќе биде третиот фудбалер на „виола“, кој преминува во редовите на Јувентус по Енрико Киеза и Федерико Бернардески.

Навивачите веднаш го покажаа својот револт и во близина на стадионот „Артемио Франки“ објавија неколку навредливи транспаренти.

„Почитта не се добива со постигнување голови, Влаховиќ, ти пос**н грбавец“, пишуваше на еден од транспарентите.

„Твоите телохранители нема да ти го спасат животот. Цигане готово е за тебе“, му порачаа ултрасите на фудбалерот.

Полиција е распоредена околу домот на Влаховиќ во Фиренца со цел да се спречат било какви активности на некои од ултрасите на „виолетовите“ против фудбалерот.