Покетино се сели во поранешен клуб на Мурињо?

Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино повеќе од пет години е тренер на Тотнем, но синоќа доби отказ, по тшо на негово место пристигна Жозе Мурињо.

Меѓутоа, многумина веруваат дека Покетино нема долго време да биде без работа, па наводно неколку екипи покажале интерес за неговите услуги.

Англиските медиуми објавија дека Покетино е голема желба на Манчестер јунајтед и би можел конечно да седне не „жешкото“ столче на „Олд Трафорд“ бидејќи Оле Гунар Солшер има очајни резултати сезонава.

Доколку Покетино остане во Премиерлигата и го преземе Јунајтед, тогаш сигурно навивачите ќе бидат сведоци на пеколни дуели меѓу двата клуба.