По 12 години Волкот замина од Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот, ги помина лекарските прегледи во Евертон, воочи официјализирањето на трансферот во тој клуб.

Волкот вчеравечер дојде во тренинг центарот на Евертон, каде ги мина лекарските прегледи и се договори со управата на клубот од Евертон за личните услови.

„Скај“ наведе дека Евертон ќе плати 20 милиони фунти за 28-годишниот англиски репрезентативец, а како главни причини за трансферот се наведуваат добрата понуда на Евертон и желбата на Волкот да соработува со Сем Алардајс.

Волкот во 2006 година се пресели од Саутемптон во Арсенал, каде одигра 397 натпревари и постигна 108 гола. Тој со „топчиите“ освои по две титули во ФА купот и во Комјунити шилд.