Петорица фудбалери на Сите ќе сведочат на судењето на соиграчот - сериски силувач!

Англиската јавност се нетрпение го очекува стартот на судењето на фудбалерот на Манчестер сити, Бенмин Менди, кој е обвинет за неколку силувања и напади поради кои би можел долго да остане во затвор.

Тој се сомничи дека во периодот од 2018 до 2021 присилил на секс и нападнал повеќе жени и ако биде прогласен за виновен би добил затворска казна од 5 до 20 години, но не се исклучува ниту доживотен затвор. На судењето како сведоци ќе се појават петорица негови сегашни и поранешни соиграчи од таборот на „граѓаните“ и тоа Џек Грилиш, Ријад Маркез, Кајл Вокер, Рахим Стерлинг и Џон Стоунс.

Обвинението има девет точки, а судењето е планирано да трае 15 недели. Сити го суспендира Менди лани на 26 август, кога и беше подигнато обвинението.