Лампард е пред отказ: Пет тренери во конкуренција за кормилото на Челси

Челси на почетокот на сезоната потроши многу пари на засилувања, но нивните настапи и резултати во досегашниот дел од сезоната не се доволно добри за газдата на тимот, Роман Абрамович.

Тренерот на Челси, Франк Лампард е свесен за тоа и би можел наскоро да остане без работа, доколку нешто не се промени, а англиските медиуми објавија листа од пет тренери кои се споменуваат како потенцијална замена за Англичанецот.

Листата ја предводи Томас Тухел, по што следат Масилијано Алегри, Ралф Хазенхитл, Брендан Роџерс и Џулијан Нагелсман.