Перез сака да го засили Реал Мадрид со освојувач на „Златната топка“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да го засили средниот ред идното лето, а една од главните желби на Флорентино Перез е поранешниот освојувач на „Златната топка“, Родри од Манчестер сити.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „кралевите“ будно ја следат ситуацијата со Родри и планираат да испратат понуда до „граѓаните“ идното лето.

Во листата на желби на Перез има уште неколку имиња, како Енцо Фернандез од Челси, но очигледно Родри е приоритет за шпанскиот гигант.