Пеп со урнебесен одговор по епскиот пресврт: Ми дадоа одличен совет од Реал Мадрид

Манчестер сити повторно ја освои титулата во Премиерлигата, иако беше во незавидна позиција на мечот против Астон вила и губеше со 0-2, но во последните 15 минути се случи голем пресврт (3-2), а тренерот Пеп Гвардиола имаше што да каже по победата.

Гвардиола даде урнебесен одговор по епскиот пресврт, па потсети на нешто што му се случи на неговиот тим против Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), кога „кралевите“ се вратија од мртвите и го елиминираа премиерлигашот.

„Им се јавив на Реал Мадрид и тие ми дадоа добар совет. Последниот меч секогаш е посебен и со многу емоции. Астон вила даде сè од себе, но нашиот прв гол сè промени. Успеавме да се вратиме, ние сме легенди. Кога ќе ја освоите Премиерлигата четири пати во пет сезони, тоа значи дека овие момци се посебни“, кажа Гвардиола.