Пандев, Несторовски, Елмас ќе шутираат нова топка во Серија А (ФОТО)

Тројца македонски репрезентативци ќе играат во новата сезона во италијанската Серија А, која полека го враќа шмекот со доаѓањето на низа врвни имиња на Апенините. После доаѓањето на Кристијано Роналдо лани во Јувентус, летово во Италија дојдоа и Франк Рибери, Ромелу Лукаку, Диего Годин...

Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) во новата сезона која стартува утре попладне со мечот на Јувентус против Парма (18 часот) како отворање на шампионатот ќе играат и ќе шутираат нова допка, која е специјално дизајнирана за оваа сезона.

Најк и Калчо-лигата ја промовираа топката, а навивачите со нетрпение го очекуваат почетокот во сезоната која треба да донесе многу возбудувања во битката на гигантите против доминантниот осумкратен првак по ред Јувентус.