Пандев и Џенова останаа без „муниција“ на гостувањето во Фиренца (ВИДЕО)

Екипата на Џенова за која настапува и македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, одигра реми без погодоци на гостувањето кај Фиорентина.

Пандев беше стартер и помина еден час на теренот, но неговиот тим не успеа да ја прекине црната серија од 43 години без триумф во Фиренца. Најголем бакскуз за ова реми е Доменико Кришито, кој во 15. минута промаши пенал.

Во второто полувреме Бираски и Пинамоти имаа одлични шанси, но Драговски не дозволи да биде совладан. Голманот спречи и Миленковиќ да си постигне автогол.