Палиња потпиша за Баерн Минхен: Конечно ми се оствари сонот
Баерн Минхен денеска конечно го потврди трансферот на португалскиот репрезентативец ЖОао Палиња кој доаѓа од Фулам во трансфер вреден 50 милиони евра.
„Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Конечно ми се оствари сонот да заиграм за Баерн. Ќе дадам сè од себе за да помогнам во освојување на титули со клубот“, кажа Палиња.
Португалецот досега во кариерата играше за Спортинг Лисабон, Мореиренсе, Белененсес, Брага и Фулам.