Откриено кој гигант понудил 160 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Откако претседателот на римски Лацио, Клаудио Лотито пред неколку дена откри дека одбил неверојатни 160 милиони евра за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, еден од најугледните италијански новинари го откри името на клубот кој ја понудил лудата сума на пари и тоа е – Реал Мадрид.

Џанлука Ди Марцо е италијански новинар, кој има доста релевантни информации за случувањата на трансфер-пазарот, па според информациите до кои дошол, Реал летоска понудил големи пари за Милинковиќ-Савиќ, но Лацио ја одбил понудата зашто немал време да најде соодветна замена.

„Не знам дали понудата била баш 160 милиони евра како што тврди Лотито, зашто веројатно и бонусите биле вклучени во таа сума. Но, понудата дошла пред крајот на преодниот рок и според моите информации клубот што ја испраил понудата е Реал Мадрид. Како посредник би ангажиран Жорге Мендеш (еден од најдобрите светски менаџери – н.з.). Лотито ја добил понудата, но експресно ја одбил зашто не можел да најде замена за Сергеј“, открил Ди Марцо.

Србинот сепак во моментов нема толкава вредност, зашто според стручњаците слабата форма во есенскиот дел од сезината вртоглаво му ја намалила цената на 75 милиони евра, а неодамна Милан понудил вупно 79 милиони, но прво со едногодишен заем, а потоа со откуп на договорот. Милинковиќ-Савиќ во Лацио дојде во август 2015 година за 18 милиони евра од белгиски Генк, а во Белгија заминал од Војводина за еден милион евра.