Откако го одбија Најк: Галатасарај ги претстави новите дресови (ФОТО)

Многу европски гиганти ги претставија новите дресови за следната сезона. Сега на ред дојде и турски Галатасарај, кој ја продолжи соработката со Најк. Турскиот шампион ги претстави дресовите за новата сезона и повторно докажа дека не сака никакви промени, без оглед на фактот што Најк за тоа им нудеше многу пари.

Галатасарај се држи до својот дизајн, па порачаа дека тој во никој случај не смее да се менува. Затоа Најк им подготви дресови за следната сезона кои се скоро идентични како тие од минатата сезона.

Единствената промена на овие дресови се малите пруги, но и понатаму доминираат истите бои. Турскиот гигант е еден од ретките кој ги одби многубројните понуди за прилагодување на пазарот, односно промена на дизајнот.