Осми меч без победа: Астон Вила ја продлабочи кризата во Њукасл (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила ја оправдаа улогата на фаворит во вечерашната пресметка против Њукасл (2-0) и ја продлабочија кризата во таборот на противникот, за кого ова беше осми меч во низа без триумф.

Тимот од Бирмингем победата ја обезбеди уште по првите 45 минути, во кои прво преку Воткинс во 13. минута и Траоре во 42. минута дојдоа до убедлива предност и резултат, кој се покажа и како конечен.

Астон Вила со овие три бода се искачи на осмата позиција со 29 бодови од 17 натпревари, ставајќи крај на мини-постот со оглед што немаше победа во последните три меча (два порази и едно реми). Њукасл, пак, остана на 16. позиција со 19 бодови од исто толку средби.